Имплементација на уреди за менаџмент со енергија
Во последниве години сведоци сме на масовна изградба на фотоволтаични централи – и во Македонија и глобално. Овој забрзан раст носи огромни придобивки во декарбонизацијата, но истовремено создава и сериозен притисок врз електроенергетската мрежа. Сѐ погласно се зборува (и законски се насочува) кон тоа дека батериските системи за складирање и уредите за менаџмент со енергија ќе станат практично задолжителен дел од идните ФВ проекти, со цел стабилност на мрежата, контрола на врвови и подобра интеграција на обновливите извори.
Тимот на Солар Спектар АГ веќе активно се подготвув за таа „нова нормала“. Покрај проектирање и изградба на фотоволтаични централи, започнавме со систематска имплементација на уреди за менаџмент со енергија (Energy Management Systems – EMS) во индустриски објекти и хибридни фотоволтаични системи со батерии. Нашата цел е клиентите да добијат не само централа, туку интелигентен енергетски систем кој е подготвен за идните регулативи.
Еден од клучните уреди што веќе го имплементираме е Reduxi контролерот. Неговата интеграција во фотоволтаични централи овозможува:
- зголемување на самоконзумацијата на произведената енергија
- zero-export или ограничување на испораката кон мрежата, согласно барањата на операторот
- интелигентно управување со повеќе извори и потрошувачи (ФВ централа, батериски систем, дизел агрегат, EV полначи, индустриски товари…)
- мониторинг во реално време и детална аналитика на производство и потрошувачка
- дефинирање на паметни приоритети и сценарија (прво потрошувачи, потоа мрежа, полнење/празнење батерии, вклучување агрегат само кога е неопходно)
Во последниот период успешно имплементираме Reduxi контролери во повеќе објекти, каде што:
- се намалуваат врвните моќности и трошоците за електрична енергија
- се подобрува стабилноста и предвидливоста на системот
- инвеститорите добиваат поголема транспарентност и контрола врз енергетската слика
За нас, Reduxi не е само „уште еден уред во орманот“ – тој е енергетскиот мозок на системот, кој овозможува максимално искористување на фотоволтаиците, батериите и останатата опрема, во согласност со сегашните и идните законски барања.
Доколку размислувате за оптимизација на вашата фотоволтаична централа, интеграција на батериски систем, EV полначи или дизел агрегат – имплементацијата на Reduxi контролер е логичен чекор кон поголема енергетска независност, усогласеност со регулативата и пониски оперативни трошоци.


