Сервис и одржување

Одржувањето на фотоволтаичните електрични централи е од големо значење за ефикасно и долготрајно беспрекорно функционирање на секоја централа. За таа цел Солар Спектар АГ останува сервис партнер на своите клиенти и по изведбата и пуштањето во работа на фотоволтаичната централа. Изградената доверба и добрата соработка продолжува така што ние се грижиме за целокупната опрема во рамки на централата.

ШТО ДОБИВАТЕ АКО ГО ИЗБЕРЕТЕ СОЛАР СПЕКТАР АГ ЗА ВАШ СЕРВИС ПАРТНЕР?

Во нашата сервис понуда добивате редовна серија од проверки на фотоволтаичните панели, енергетските преобразувачи – инверторите и електричната опрема во рамки на централата. Вршиме проверка на отпорност на изолација на кабел, испитување на ефикасноста и проверка на деградацијата кај фотоволтаичните ќелии и проверка на бифацијалност. Сите испитувања и проверки се извршуваат со калибрирани инструменти од реномирани светски производители. На тој начин добивате гаранција дека Вашата централа работи со највисока ефикасност и дека може да се одбегнат идни проблеми кои би предизвикале штета, намалување на ефикасноста на системот, а тоа да предизвика помало производство на електрична енергија.

Побарај понуда за одржување!

Со пополнување на контакт формата, побарајте понуда за одржување и ќе бидете контактирани од нашиот тим во најкраток можен рок.

Побарај понуда