Проектирање и изведба фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 18 МWp
Со особена гордост го објавуваме најголемиот проект што Солар Спектар АГ го реализирал досега –четири фотоволтаични централи со вкупна инсталирана моќност од 18,5 MWp, во Општина Штип.
Во 2025 година, БИГ Солар направи значајна инвестиција во нови зелени производствени капацитети, со јасна визија: забрзување на енергетската транзиција и зголемување на производството од обновливи извори. Резултатот е проект кој поставува нови стандарди за обем, динамика и техничка изведба на домашниот соларен пазар.
Како партнер задолжен за целосно проектирање, инженеринг и изведба, тимот на Солар Спектар АГ во рок од само девет месеци успешно ги изгради и пушти во употреба централите: ДОЛАНИ СОЛАР 1, ДОЛАНИ СОЛАР 2, ДОЛАНИ СОЛАР 3 и ДОЛАНИ СОЛАР 4 – комплексен проект реализиран со висок степен на организација, прецизност и одговорност.
Во рамките на целиот производствен капацитет од 18,5MWp, поставени се 30 188 бифацијални JA Solar панели со моќност од 615 Wp, поставени на конструкција од нашиот долгогодишен партнер Metaloumin SA. Системот е поддржан од 54 HUAWEI инвертори од 215 kW и 330 kW, со што се обезбедува висока ефикасност, сигурна експлоатација и оптимални перформанси во реални услови.
Со очекувано годишно производство од 26.011,22 MWh, проектот ќе придонесе кон редукција на емисиите од 15.259 t CO₂ годишно – мерлив ефект што директно ја потврдува вредноста на инвестицијата и нејзиното влијание врз животната средина.
Ова е повеќе од проект – ова е силна изјава за капацитетот на Солар Спектар АГ да испорача големи, комплексни и високо-ефикасни енергетски решенија „клуч-на-рака“. Успехот на БИГ Солар и Солар Спектар АГ најдобро се мери преку резултатите: стабилно производство, силни перформанси и бројки што секојдневно го потврдуваат квалитетот на изведбата.
Солар Спектар АГ – инженеринг кој создава енергија, вредност и иднина.
