Тимот на Солар Спектар АГ беше дел од семинарот организиран од страна на ETI на кој присуствуваа инженери од целиот Балкан. Предавачите беа од тимот на ETI Словенија кој одблизу не запознаа со новата серија на воздушни прекинувачи ETIPOWER развиен за поголема енергетска ефикасност, новите производи кај струјно-заштитни склопки на диференцијална струја EFI и KZS. Во рамки на обуката беше презентиран и софтверот изработен од страна на ETI кој е одлична алатка која им помага на инженерите во правилен избор на заштитна опрема за инсталациите.