Тимот на Солар Спектар АГ дел од KEY - The Energy Transition Expo

Солар Спектар АГ како компанија е секогаш во чекор со најновите технологии.

Двајца од нашите талентирани инженери заминаа во Римини, Италија, со цел да учествуваат на  KEY – The Energy Transition Expo (саем за енергетска транзиција)! Овој настан е главниот собир на професионалци од енергетскиот сектор, а нас ни е секако огромна чест да имаме свои експерти присутни на овој настан, кои ќе се запознаат со најновите технолошки иновации и ќе се поврзат со лидерите во оваа индустрија.

Доколку сте присутни на овој настан, не се двоумете да ги побарате инженерите од нашиот тим, кои со задоволство би продискутирале со вас за тоа како ние напредуваме во секторот на производство на соларна енергија.

Да ја обликуваме енергетската иднината заедно!