Од 5 до 7 октомври во Охрид се одржа 13-тото советување на MAKO CIGRE, каде што Солар Спектар АГ зема учество со презентација на две актуелни теми од областа на фотоволтаичните и батериските системи.
Првата тема на нашиот колега Давид Јанакиевски се однесуваше на користење на мониторинг систем за подобрување на перформансите на фотоволтаични централи, со која беше прикажан практичен пристап за рано детектирање на проблеми и оптимизација на работата преку напредна анализа на податоци во рамките на една фотоволтаична централа.
Втората презентација на колешката Јана Паневска се фокусираше на конверторски топологии во фотоволтаични системи со батерии, со осврт на изборот на соодветни конверторски и батериски уреди кои овозможуваат ефикасно складирање и користење на енергијата од обновливи извори.
Учеството на вакви стручни настани претставува потврда за нашата заложба за континуирана едукација, технолошки развој и промовирање на иновативни решенија во областа на обновливите извори на енергија.
При пристап на било која страница на веб сајтот, компанијата Солар Спектар АГ може да зачува одредени информации на уредот на корисникот преку „колачиња“.