Често поставувани прашања

1. Кои се финансиските придобивки од сончевата енергија?

Кога инсталирате сончев енергетски систем на вашиот имот, заштедувате пари на сметките за електрична енергија и се заштитувате од зголемувањето на стапката на електрична енергија во иднина. Колку можете да заштедите зависи од стапкит е за комунални услуги и соларната политика во вашата област, но одењето на соларна енергија е паметна инвестиција без оглед каде живеете.

2. Дали фотонапонскиот систем ќе произведува електрична енергија при облачно, дождливо или снежно време?

Кога инсталирате сончев енергетски систем на вашиот имот, заштедувате пари на сметките за електрична енергија и се заштитувате од зголемувањето на стапката на електрична енергија во иднина. Колку можете да заштедите зависи од стапкит е за комунални услуги и соларната политика во вашата област, но одењето на соларна енергија е паметна инвестиција без оглед каде живеете.

3. Дали е потребно одржување на фотоволтаичниот систем?

Фотоволтаичниот систем бара минимално одржување. За разлика од другите енергетски технологии, фотоволтаичниот систем не содржи подвижни делови, поради што многу е мала веројатноста за откажување на некој елемент. Фотоволтаичните панели не терба да се менуваат во текот на целиот нивен работен век, каблите и монтажната конструкција исто така, а инверторите можно е да појават аномалии по 10-12 години. Дополнително, клиентите се заштитени за секој неочекуван дефект на било кој дел од опремата со гаранцијиите кои ги даваат производителите и на тој начин можат да се покријат трошоците за замена на опремата.

Со цел да се одржува псотојано висока ефикасност на фотоволтаичниот систем ние препорачуваме, најмалку еднаш годишно да се чистат фотоволтаичните панели и да се изврши проверка на целата опрема од страна на професионален тип со долгогодишно искуство.

4. Што ќе се случи доколку во главната дистрибутивна мрежа има прекин на електрична енергија?

Доколку вашиот фотоволтаичен систем е поврзан со главната дистрибутивна мрежа (grid – tie), во тој случај во моментот кога ќе има прекин во дистрибуцијата на електрична енергија од главната мрежа вашиот фотоволтаичен систем нема да произведува електрична енергија, односно инверторот ќе се исклучи. Ова е поради безбедносни причини, бидејќи во моментот на прекин на електрична енергија во дистрибутивната мрежа несмее да има проток на електрична енергија со цел да не дојде до несакани повреди врз луѓето кои ќе врашат сервис на настаниот проблем. Како резултат на тоа, кога во главната дистрибутивна мрежа ќе има прекин на електрична енергија, тогаш и вашата централа нема да работи дури иако е сончев денот.

5. Што претставува „net-metering“?

“Net metering-от” дава можност домаќинствата и сопствениците на компании да произведуваат дел или целосно електрична енергија за сопствени потреби со инсталирање на фотоволтаични панели на сопствените кровови. Произведената електрична енергија се мери преку двонасочно броило и завршува назад во енергетската мрежа. Со секое циклично мерење на произведена електрична енергија се прави баланс со потрошената електрична енергија. Со инсталирање на вакви системи се добиваат следните резултати: финансиски бенефит за сопственикот на фотоволтаичниот систем, бенефит за животната средина и за целокупното општетство.

6. Што е разликата помеѓу „on-grid“ и „off-grid“ системите?

Доколку Вашиот фотоволтаичен систем е „on-grid“, тоа подразбира дека истиот е поврзан со главната дистрибутивна мрежа. Доколку имате простап до главната дистрибутивна мрежа, овој тип на систем е финансиски поисплатлив, бидејќи не треба да се грижите доколку Вашиот систем произведува повеќе или помалку од потрошувачката електрична енергија. Всушност на овој начин, дистрибутивната мрежа претставува батериски капацитет, бидејќи го прима вишокот на електрична енергија од Вашиот фотоволтаичен систем, а во периодите кога Вашиот фотоволтаичен систем не произведведува доволно електрична енергија (особено во ноќните часови) тогаш се влече енергија од дистрибутивниот систем, а овој процес на размена на енергија е наречен „net-metering“. На овој начин корисникот нема потреба од купување на дополнителен батериски систем.

Доколку Вашиот фотоволтаичен систем е „off-grid“, тоа подразбира дека истиот не е поврзан со главната дистрибутивна мрежа. На овој начин Вие сте целосно независни од дистрибутивната мрежа, односно во однос на електричната енергија сте целосно самоодржливи. Тоа значи дека произведениот вишокот на електрична енегија се зачувува во батерискиот систем за користење во периоди кога производството е послабо. Негативност на овој тип на системи е што батериите имаат високи цени а релативно краток работен век.