Солар Спектар АГ беше дел од овогодинешниот Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024. ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година беше посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. На саемот тимот на Солар Спектар АГ ги презентираше зелените решенија кои ги нуди нашата компанија како лидер на пазарот кога станува збор за проектирање, изведба и одржување на фотоволтаични системи. Саемот бешe одлична можност за стекнување професионални познанства и разменување на мислења со учеснициите и посетителите на саемот.