Месец: м.г

Солар Спектар АГ дел од семинарот организиран од страна на ETI

Солар Спектар АГ дел од семинарот организиран од страна на ETI Тимот на Солар Спектар АГ беше дел од семинарот организиран од страна на ETI на кој присуствуваа инженери од целиот Балкан. Предавачите беа од тимот на ETI Словенија кој одблизу не запознаа со новата серија на воздушни прекинувачи ETIPOWER развиен за поголема енергетска ефикасност, новите производи кај струјно-заштитни склопки на диференцијална струја EFI и KZS. Во рамки на обуката беше презентиран и софтверот изработен од страна на ETI кој е одлична алатка која им помага на инженерите во правилен избор на заштитна опрема за инсталациите.

Солар Спектар АГ – дел од Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

Солар Спектар АГ – дел од Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 Солар Спектар АГ беше дел од овогодинешниот Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024. ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година беше посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. На саемот тимот на Солар Спектар АГ ги презентираше зелените решенија кои ги нуди нашата компанија како лидер на пазарот кога станува збор за проектирање, изведба и одржување на фотоволтаични системи. Саемот бешe одлична можност за стекнување професионални познанства и разменување на мислења со учеснициите и посетителите на саемот. 

Тимот на Солар Спектар АГ го проектираше и изведе најголемиот проект до сега, 11 МWp фотоволтаична електрична централа

Тимот на Солар Спектар АГ го проектираше и изведе најголемиот проект до сега, 11 МWp фотоволтаична електрична централа Со голема гордост Ви го презентираме нашиот најголем проект досега! Фотоволтаична електрана со инсталирана моќност од 11 MWp! ЕВН Македонија Електрани, како дел од групацијата ЕВН Македонија, во 2023 година инвестираше во изградба на три фотоволтаични централи. Централите се наоѓаат на територија на Општина Пробиштип и се со вкупна инсталирана моќност од 11 MWp. Со овој зелен производствен капацитет, ЕВН Македонија Електрани го зголеми своето производство на енергија од обновливи извори на енергија. За проектирањето и изведбата беше задолжен тимот на Солар Спектар АГ кој за временски период од шест месеци ги изгради и пушти во употреба трите фотоволтаични централи ЕВН Солар 1, ЕВН Солар 2 и ЕВН Солар 3. На површина од 55,070 m2, се поставени 20,148 панели од брендот JA Solar. Поставените панели се бифацијални, со врвна моќност од 545 Wp и истите се поставени на констукција од грчкиот производител и наш долгогодишен соработник Metaloumin SA. Во рамки на овие три централи употребени се 42 инвертори од реномираниот бренд KEHUA TECH секој со номинална моќност од 250 kW. Целиот производствен капацитет е со очекувано годишно производство од 14,433.502 MWh, а со тоа ќе се редуцира емисијата на CO2 за 8,359 t за период од една година. За успешната соработка меѓу ЕВН Македонија Електрани и Солар Спектар АГ, секојдневно говорат бројките на произведена електрична енергија.