Тимот на Солар Спектар АГ го проектираше и изведе најголемиот проект до сега, 11 МWp фотоволтаична електрична централа

Со голема гордост Ви го презентираме нашиот најголем проект досега! Фотоволтаична електрана со инсталирана моќност од 11 MWp!

ЕВН Македонија Електрани, како дел од групацијата ЕВН Македонија, во 2023 година инвестираше во изградба на три фотоволтаични централи. Централите се наоѓаат на територија на Општина Пробиштип и се со вкупна инсталирана моќност од 11 MWp. Со овој зелен производствен капацитет, ЕВН Македонија Електрани го зголеми своето производство на енергија од обновливи извори на енергија. За проектирањето и изведбата беше задолжен тимот на Солар Спектар АГ кој за временски период од шест месеци ги изгради и пушти во употреба трите фотоволтаични централи ЕВН Солар 1, ЕВН Солар 2 и ЕВН Солар 3.

На површина од 55,070 m2, се поставени 20,148 панели од брендот JA Solar. Поставените панели се бифацијални, со врвна моќност од 545 Wp и истите се поставени на констукција од грчкиот производител и наш долгогодишен соработник Metaloumin SA. Во рамки на овие три централи употребени се 42 инвертори од реномираниот бренд KEHUA TECH секој со номинална моќност од 250 kW.

Целиот производствен капацитет е со очекувано годишно производство од 14,433.502 MWh, а со тоа ќе се редуцира емисијата на CO2 за 8,359 t за период од една година.

За успешната соработка меѓу ЕВН Македонија Електрани и Солар Спектар АГ, секојдневно говорат бројките на произведена електрична енергија.