Солар Спектар АГ дел од семинарот организиран од страна на ETI

Тимот на Солар Спектар АГ беше дел од семинарот организиран од страна на ETI на кој присуствуваа инженери од целиот Балкан. Предавачите беа од тимот на ETI Словенија кој одблизу не запознаа со новата серија на воздушни прекинувачи ETIPOWER развиен за поголема енергетска ефикасност, новите производи кај струјно-заштитни склопки на диференцијална струја EFI и KZS. Во рамки на обуката беше презентиран и софтверот изработен од страна на ETI кој е одлична алатка која им помага на инженерите во правилен избор на заштитна опрема за инсталациите.