На територија на Штип, на површина од 5000 m2 се наоѓа фотоволтаичната централа Амзабегово Солар 2. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд DELTA. Поставени се вкупно 2196 панели со моќност од 455 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 996.18 kWp и 8 инвертори секој со моќност од 125 kW. Со овој производствен капацитет Амзабегово Солар 2 допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 486 tCO2 годишно.