На територија на Штип, на површина од 24 234 m2 се наоѓа фотоволтаичната централа Црковци Солар. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд HUAWEI. Поставени се вкупно 9160 панели со моќност од 595 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 5450,2 kWp и вкупно 17 инвертори од кои 3 инвертори со моќност од 215 kW и 14 инвертори со моќност од 330 kW . Со овој производствен капацитет Црковци Солар допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 2568 tCO2 годишно.