Увидот врз работата на фотоволтаичната електрична централа, како и следењето на перформансите на истата се овозможени со 24/7 далечински мониторинг систем. Вие и тимот на Солар Спектар АГ со помош на постојаниот мониторинг имате целосен увид во работата на Вашата фотоволтаичната централа. Освен следењето на производството, мониторинг системот овозможува нашиот тим 24/7 да ја има на дланка Вашата фотоволтаична централа и да има увид во перформансите на компонентите и во случај на детекција на било каква грешка да може да дејствува веднаш, со цел овозможување непречено функционирање на централата.