МБ-ИГ Солар Ижиште

Фотоволтаичната електрана МБ-ИГ СОЛАР, лоцирана во с. Ижиште, Општина Македонски Брод, на површина од 73.475,26 m², произведува чиста енергија преку примена на најсовремена технологија. Електраната е опремена со високо-перформансни монокристални силициумски панели од JA Solar, еден од топ 5 светски производители на фотоволтаични панели. Со вкупно 11.620 панели, секој со номинална моќност од 620 Wp, електраната располага со вкупна инсталирана моќност од 7.204,4 kWp.

За ефикасна конверзија на електричната енергија се користат инвертори од Huawei, познати по својата доверливост и напредна технологија, при што системот вклучува дваесет инвертори со моќност од 330 kW и еден инвертор со моќност од 215 kW. Оваа напредна конфигурација овозможува MB-IG SOLAR да придонесува значително кон одржливоста преку годишно производство од околу 11.717 MWh чиста електрична енергија.

Со своето работење, МБ-ИГ СОЛАР придонесува за намалување на емисиите на CO₂ за приближно 9.960 тони годишно. Проектот претставува пример за посветеност кон обновливите извори на енергија и технолошка извонредност, со значајна улога во намалување на јаглеродниот отпечаток и поддршка на глобалната енергетска транзиција.

Scroll to Top