БИО ЕНЕРЏИ СОЛАР

На територија на Чешиново-Облешево, на површина од 2632,6 m2  се наоѓа фотоволтаичната централа Био Енерџи Солар. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд DELTA. Поставени се вкупно 1506 панели со моќност од 335 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 504,510kWp и 7 инвертори секој со моќност од 70 kW. Со овој производствен капацитет Био Енерџи Солар допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 188 tCO2 годишно.