БИО ЕНЕРЏИ СОЛАР 2

На територија на Чешиново-Облешево, на површина од 2632,6 m2  се наоѓа фотоволтаичната централа Био Енерџи Солар 2. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд HUAWEI. Поставени се вкупно 1016 панели со моќност од 535 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 558,5 kWp и 5 инвертори секој со моќност од 100 kW. Со овој производствен капацитет Био Енерџи Солар 2 допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 190 tCO2 годишно.