На територија на Куманово, на површина од 4328,23 m2 се наоѓа фотоволтаичната централа ЕME Повер Солар 2. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд HUAWEI. Поставени се вкупно 1636 панели со моќност од 595 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 973.42 kWp и 3 инвертори секој со моќност од 330 kW. Со овој производствен капацитет ЕМЕ Повер Солар 2 допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 452 tCO2 годишно.