На територија на Пробиштип, на површина од 19053 m2 се наоѓа фотоволтаичната централа Петршино Солар 3. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд SUNGROW. Поставени се вкупно 7202 панели со моќност од 545 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 4141,15 kWp и вкупно 16 инвертори секој со моќност од 250 kW. Со овој производствен капацитет Солар допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 1820 tCO2 годишно