ПВ СОЛ ПРЕМИУМ

Изработка на комплетни извештаи со 2D или 3D симулација на фотоволтаични системи

Ние го прикажуваме вашиот иден фотоволтаичен систем со помош на PV*Sol Premium. Ова е специјализирана алатка за дизајн и симулација на фотоволтаични системи со 3D претставување, детална анализа на засенчување и графичка финансиска анализа. Со PV*Sol Premium  може да се направи визуелизација на сите вообичаени фотоволтаични системи во 3D, без разлика дали се тие на кровот или на земја.

Дообработка на сликата пo 3D анализа и симулација

Тридимензионално претставување на околните објекти, што е исклучително важно за одредување на ефикасноста на системот поради можно засенчување. Со PV * SOL premium, можеме да изработиме визуелизација на секаков тип на систем, било тоа да е вграден или монтиран на кровот или поставен на отворено.

Изработка на објект од цртеж или слика

За да можеме да го претставиме вашиот објект во 3D потребно ќе ни биде следново: архитектурни цртежи, слика од катастерски план или Google карта. Вие само треба да ни ги доставите соодветните информации, а ние можеме било кој објект да го претставиме во 3D заедно со фотонапонаскиот систем.

Финансискo планирање​

Финансискo планирање

Ние ги разбираме потешкотиите во донесување на финансиски одлуки, а за инвеститорите ова е многу важно прашање. Поради оваа причина одржуваме одлична соработка со неколку финансиски институции, и преку овие партнерства, можеме да Ви понудиме повеќе опции за финансирање. Ние ќе се погрижиме да го добиете најдоброто решение за Вас.