Солар Спектар АГ нуди проектирање на Вашата фотоволтаична електрична централа согласно сите стандарди, користејќи ги сите современи алатки и технологии. Со цел оптимално искористување на теренот, а притоа имајќи ги во предвид сите метеоролошки и тополошки карактеристики на истиот ги користиме софтверските алатки PVsyst, PVSol и PVcase. По извршените анализи, нашиот тим изработува проектно решение користејќи ја алатката AutoCAD.