СИМ ЕНЕРЏИ СОЛАР

На територија на Пехчево, на површина од 6721,5 m2  се наоѓа фотоволтаичната централа Сим Енерџи Солар. Поставените фотоволтаични панели во рамки на централата е од производителот JA SOLAR, изработени од монокристален силициум и припаѓат во топ 5 бренд производители на фотоволтаични панели во светот. Инвертори кои се искористени се од реномираниот бренд KEHUA. Поставени се вкупно 2594 панели со моќност од 540 Wp, односно вкупен производствен капацитет од 1400,76 kWp и вкупно 13 инвертори од кои 10 со моќност од 100 kW и 3 инвертори со моќност од 110 kW. Со овој производствен капацитет Сим Енерџи Солар допринесува за намалување на емисиите на CO2 до 665 tCO2 годишно.