Во нашата сервис понуда добивате редовна серија од проверки на фотоволтаичните панели, енергетските преобразувачи – инверторите и електричната опрема во рамки на централата. Вршиме проверка на отпорност на изолација на кабел, испитување на ефикасноста и проверка на деградацијата кај фотоволтаичните ќелии и проверка на бифацијалност. Сите испитувања и проверки се извршуваат со калибрирани инструменти од реномирани светски производители. На тој начин добивате гаранција дека Вашата централа работи со највисока ефикасност и дека може да се одбегнат идни проблеми кои би предизвикале штета, намалување на ефикасноста на системот, а тоа да предизвика помало производство на електрична енергија.